За нас

Кои сме ние?

Владата на Република Македонија, реагирајќи одлучно против трговијата со луѓе и илегалната миграција, сакајќи да постигне повисоко ниво на ефикасност и заедничко дејствување во борбата против овие појави во Република Македонија, во март 2001 година донесе Одлука за формирање на Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија. Врз основа на оваа Одлука, Владата донесе Решение за именување Национален Координатор и членови на Националната комисија. согласно Одлуката,

Нашите главни цели се:

  • да ја следиме и анализираме состојбата со трговијата со луѓе и илегалната миграција,
  • да ги координираме активностите на надлежните институции и
  • да соработуваме со меѓународните и невладините организации кои се вклучени во решавањето на проблеми од областа на трговијата со луѓе.

Националната Комисија има интеринституционален состав, односно во нејзината работа се вклучени членови од следните институции:

  • Министерство за внатрешни работи;
  • Министерство за труд и социјална политика;
  • Министерство за образование и наука;
  • Министерство за здравство;
  • Министерство за надворешни работи;
  • Министерство за правда;
  • Царинската uправа;
  • Јавното Обвинителство
  • Основен суд  Скопје 1

 

Кој ни помага во нашата работа?

Со цел поефикасно извршување на активностите на Комисијата во 2003 година е формиран Секретаријатот на Комисијата како и Подгрупата за борба против трговија со деца со задачи да ги извршуваат одлуките на Комисијата и активно да ја координираат соработката со меѓународните и невладините организации кои се вклучени во бробата против трговијата со луѓе.


Што е досега сработено?

Од почетокот на работата на Националната Комисија во 2001 до денес се иницирани и предложени до Владата повеќе измени на Кривичниот Законик и други закони со цел поефикасно гонење на трговците со луѓе како и пружање на заштита на жртвите од овие кривични дела. Од воведувањето на кривичното дело трговија со луѓе во 2002 до денес во Кривичниот Законик инкриминирани се и делата криумчарење мигранти, организирање на група за поттикнување и извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти како и трговија со малолетно лице. Донесени се Стандардни Оперативни Процедури за постапување со жртвите, формиран е државен центар за прифаќање и засолнување на жртви на трговија со луѓе, реализирани се неколку национални акциони планови со активности, реализирани се огромен број на обуки и целосно институционализирани се Националниот Мхеханизам за Упатување и канцеларијата на Националниот Координатор. Наша најважна придобивка е постојаната и отворена комуникација со сите релевантни домашни и меѓународни партнери кои можат да ни помогнат во подобрувањето на борбата против трговијата со луѓе.

 

Кои се нашите водечки меѓународни партнери?

Во нашиот период на работење остваривме голем број на успешни проекти чија заслуга во најголем дел се должи на партнерскиот однос на Националната Комисија со меѓународните организации. Клучни партнери во нашето досегашно работење се:

  • Меѓународнта oрганизација за миграции (IOM)
  • Организација за безбедност и соработка во Европа (OSCE) - Мисијата на ОБСЕ во Скопје
  • Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ICMPD)
  • Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ)
  • Амбасадата на САД во Скопје

 

Какви се нашите визии и планови за иднината?

  • Да ги охрабриме судиите и обвинителите да ги забрзаат истражните и судски процеси за трговците со луѓе и криучарите на мигранти и истите да ги казнат колку што е можно построго.
  • Да бидеме уште повеќе присутни во локалните заедници кои се регрутни бази за жртви на трговија со луѓе во Македонија.
  • Да им го направиме полесен и позадоволен животот на жртвите по нивната експлоатација со вклучување во процеси на реинтеграција.