Членови на Националната Комисија

Заменик-Национален Координатор

САНДЕ КИТАНОВ, роден 1962 во Струмица. Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје во 1985, а постдипломски студии на Правниот Факултет „Јустинијан Први”-насока Кривично право и криминологија. Во МВР е од 1985год. и работел на различни места во полицијата од областа на спречување на недозволена трговија со дрога, гранично управување, а од 2007 е началник на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти. Посетувал голем број на обуки од страна на ДЕА, ИЛЕА, ДЦАФ. Зборува англиски и грчки јазик.

Секретар

КИРО ТОДОРОВСКИ Роден во Скопје на 14.01 1984 година М-р по меѓународни односи и дипломатија. Во досегашниот период учествувал на значаен број на обуки и семинари организирани од страна на ИОМ, ОБСЕ, ИЦМПД посветени на борбата против трговијата со луѓе меѓу кои и IVL програмата за лидери на Стејт Департментот на САД во 2008 година. Учествувал во креирањето на повеќе стратешки документи и извештаи кои се однесуваат на борбата против трговијата со луѓе во Македонија и во регионот, како што се Стратегија и НАП за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Стандардните Оперативни процедури, Транснационалниот Механизам за Упатување на жртви во ЈИЕ и други.
 

Членови

ВЕСНА ДИМИШКОВА, родена 1970 во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Правниот Факултет во Скопје. Работи како судија во Основнен Суд Скопје 1, во одделението за организиран криминал и корупција. Учествувала на повеќе обуки и семинари во странство од областа на кривичното право. Зборува англиски и германски јазик.

ЕЛЕНА ГРОЗДАНОВА, родена во Битола, дипломирала на социјална работа на Филозофскиот Факултет во Скопје. Има работено на повеќе места од областа на социјалнатаработа, а од 1995 работи во Министерството за труд и социјална политика. Моментално е на работнот место државен советник во МТСП. Учесник е на голем број семинари и обуки од областа на социјална заштита, трговија со луѓе и детска заштита. Зборува англиски и руски јазик.

 

ЈОВАНЧО АСПРОВСКИ, роден 1963 во Берово. Дипломирал на Факултетот за безбедност, кога и се вработува во Министерството за внатрешни работи. Работел на различни работни места во полицијата од областа на малолетничката деликвенција и социо-патолошките појави, странците и граничното работење а од 2007 год. работи како Виш полициски советник за илегална миграција и прекуграничен криминал при Секторот за гранични работи и миграции. Има посетувано повеќе курсеви и обуки од областа на граничното работење, илегалната миграција, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти: OSCE, DICAF, ILEA, IOM, EURO ASYLUM, MINISTRY of HOMELAND SECURITY на САД и други.

Феми Рамадани, роден 1978 во Камењане, Тетово. Дипломирал на Правен факултет, Магистер во областа на студии по безбедноста. Од 2004-вработен во МВР-виш инспектор при РЦ за ГР-Север-Скопје. Посетувал обуки и семинари на тема Трговија со луѓе. Одржува предавања на тема ,,Профилирање и борба против трговијата со луѓе и криумчарење мигранти во Гранична Полиција. Од 2010 година е именуван за член во Национална комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во РМ. Зборува англиски јазик.

ФАТМИР АЛИЈИ, Роден 1980 во Скопје, Дипломирал на Педагошки факултет; СВ. Климент Охридски - профессор по оделенска настава.
Работи во Министерство за здравство- Сектор за европски интеграции
Зборува: Албански, Англиски, Србско-Хрвастски,Турски

 

ГОЦЕ БАЧАНОВ, роден 1968 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје, магистар по политички науки. Вработен во Министерството за внатрешни работи од 1992 година, работи како помошник на директорот на БЈБ - раководител на Центарот за обука на МВР. Има посетувано повеќе курсеви и обуки ОБСЕ, ИОМ, ILEA и други. Зборува англиски јазик.

 

ВЕСНА ХОРВАТОВИЌ - Директор на биро за развој на образование

САЊА ДИМОВСКА – Министерство за правда
ОЛИВЕР КРЛИУ – Министерство за надворешни работи
ВИЛМА РУСКОВСКА – Јавен обвинител
ДЕЈАН АТАНАСОВСКИ – Царинска управа