Национален Координатор за борба против трговија со луѓе

 
Виолета Јанковска, родена 1970 во Папрадиште, Велес. Дипломирала на Економскиот Факултет во Скопје во 1994. Од 1996 работи во Министерството за внатрешни работи на различни позиции до назначувањето за државен секретар на МВР во декември 2008. За Национален Координатор е именувана во февруари 2009. Има учествувано на регионални и мултилатерални конференции и семинари за трговија со луѓе во организација на повеќе меѓународни организации како што се IOM, OSCE, ICMPD, GIZ и др. Во Јуни 2009 во Охрид е домаќин на националните координатори од 10 земји од регионот на Југоисточна Европа во рамки на Транснационалниот Механизам за Упатување и во 2011 домаќин на националните координатори за борба против трговија со луѓе од земјите-членки на МАРРИ.