Подгрупа за борба против трговија со деца

Подгрупата за борба против трговија со деца е етаблирана во декември 2003 година во рамките на Националната Комисија. Активностите на ова тело се насочени кон заштита на децата во Македонија од трговија и разни видови на експлоатација, зајакнување на заштитата на малолетните жртви на трговија со луѓе и координирање на соработката помеѓу членките на Подгрупата.

Во Подгрупата членуваат претставници од:

  • Министерство за внатрешни работи – Единица за трговија со луѓе и криумчарење мигранти
  • Министерство за труд и социјална политика – Национален механизам за упатување
  • Министерство за внатрешни работи – Сектор за гранични работи и миграции
  • Министерство за образование и наука
  • Меѓународна организација за миграции (IOM)
  • Организација за безбедност и соработка во Европа (OSCE) - Мисија на ОБСЕ во Скопје
  • Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ICMPD)
  • Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ)
  • УНИЦЕФ
  • Амбасадата на САД во Македонија
  • НВО „Отворена порта - Ла страда Македонија"
  • НВО „За Среќно детство"
  • НВО „Еднаков пристап"
  • Заменик Народен Правобранител за заштита на детските права