Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, на 18-октомври, присуствуваа на тркалезна маса во рамките на вонредниот самит на Европската унија во Брисел

 

Националниот известувач за трговија со луѓе-Киро Тодоровски и претседателката на НВО „Отворена порта“ -Јасмина Димишкова-Рајковска, на покана на Европската комисија, по повод Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, на 18-октомври, присуствуваа на тркалезна маса во рамките на вонредниот самит на Европската унија во Брисел. 
На настанот се разгледуваше состојбата на трговијата со луѓе, соработката меѓу земјите на потекло и дестинација, процесот на ресоцијализација на жртвите и казнувањето на сторителите, на регионално и глобално ниво, во рамките на Европската унија и Европа. 
Откако е  ова дело криминализирано, податоците покажаа дека од 2003 година на територијата на ЕУ идентификувани се вкупно 800.000 жртви на трговија со луѓе, додека на глобално ниво таа бројка изнесува 20 милиони жртви. Во Република Македонија, пак, со воведување на кривичното дело трговија со луѓе, откриени се 700 жртви и криумчарени мигранти од различна етничка и национална припадност, додека последните неколку години се доминантни домашните жртви на трговија со луѓе.