Заедничка Декларација на Националните координатори за борба против трговија со луѓе од земјите на Југоисточна Европа за зацврстување на транснационалните механизми за упатување и зацврстување на соработката во случаи на трговија со луѓе

 

Ние, Националните координатори за борба против трговија со луѓе (БПТЛ) од земјите на Југоисточна Европа се собравме во Љубљана на 4 октомври 2012 година, на заеднички состанок, организиран во рамките на Процесот Брдо, со кој претседаваше Словенија со поддршка на ИЦМПД.
По тој повод, како дел од нашиот мандат за координирање на националните активности  насочени  против трговијата со луѓе и поддршка на напорите на сите оние вклучени во спречувањето на ова сериозно кршење на човековите права: 
  • Имајќи ги предвид меѓународните и европските норми и стандарди на трговијата со луѓе и земајќи ја предвид нашата национална законодавна рамка, стратегии и акциски планови; 
  • Потврдување на значењето на локалната, регионалната и меѓународната соработка и охрабрување во вклучувањето на нови актери во БПТЛ;
  • Горди  сме поради напредокот кој го постигнавме во БПТЛ во регионот на ЈИЕ и пропагирајќи целосна имплементација на Националниот механизам за упатување (НМУ) и Транснационалниот механизам за упатување (ТМУ);
  • Охрабрување на стратешките напори преземени од страна на Европската унија во БПТЛ;
  • Препознавање на приоритетите кои се поставени во Стратегијата на Европската унија кои ги рефлектираат нашите сопствени, стратешки  приоритети во текот  на последната декада.
Во иднина ќе се посветиме на:
  • Ефективна и проактивна идентификација на тргуваните лица и размена на добри практики со нашите партнери од Европската унија;
  • Охрабрување на земјите-членки на Европската унија да се приклучат и да ги развивијат ТМУ како алатка која се покажа корисна во обезбедување на соодветна заштита и поддршка на лицата кои се жртви на трговија на луѓе; 
  • Одржување на интерактивен дијалог со сите владини и невладини фактори, креирање нови партнерства со мултидисциплинарен пристап и продолжување со активностите на промовирање поефикасна комуникација, соработка и стратешка соработка меѓу земјите и регионите на потекло, транзит и дестинација, за превенција на трговијата на луѓе, како и усвојување на проактивен приод кон идентификацијата, заштитата, помошта и упатувањето, во насока на најдобар интерес за детето; 
  • Залагање, нашите партнери од Европската унија да ги засилат своите напори во насока на намалување на побарувачката од услуги обезбедени преку тргуваните лица, вклучително и евтината работна сила;
  • Зголемување на информации преку спроведување на истраги, фокусирање на тематски и географски приоритети и користење на истрагите за одговор на начините и заснованите докази во поглед на појавните проблеми кои ги опфаќаат сите форми на трговијата со луѓе.
 
Од тие причини, се залагаме да ја негуваме конструктивната и ефикасна комуникација и ефективната соработка преку границите со партнери од поширокиот европски регион, со заеднички напори да придонесеме кон спречување на трговијата на луѓе, да ги заштитиме правата на оние кои се експлоатирани и кривично да ги гониме оние кои ја злоупотребуваат ранливоста на другите луѓе.               
Љубљана, 4 октомври, 2012 година