Последни статии

Промоција на Националната Стратегија и Националниот акциски план за борба против трговија со луѓе за 2013-2016 година

Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за труд и сoцијална политика Спиро Ристовски и Државниот секретар во МВР и Национален координатор за борба против трговија со луѓе Виолета Јанковска на 02.12.2012 година во Владата на Република Македонија ги промовираа Националната стратегија и Националниот акциски план за броба против трговија со луѓе и илегална миграција 2013-2016 година.

Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, на 18-октомври, присуствуваа на тркалезна маса во рамките на вонредниот самит на Европската унија во Брисел

 

Националниот известувач за трговија со луѓе-Киро Тодоровски и претседателката на НВО „Отворена порта“ -Јасмина Димишкова-Рајковска, на покана на Европската комисија, по повод Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, на 18-октомври, присуствуваа на тркалезна маса во рамките на вонредниот самит на Европската унија во Брисел. 
На настанот се разгледуваше состојбата на трговијата со луѓе, соработката меѓу земјите на потекло и дестинација, процесот на ресоцијализација на жртвите и казнувањето на сторителите, на регионално и глобално ниво, во рамките на Европската унија и Европа. 

Одбележан 18-ти Oктомври, Европскиот ден за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Националната комисија спроведе активности по повод 18-ти oктомври, Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, во Младинскиот културен центар во Скопје. На настанот присуствуваа министерката за внатрешни работи -Гордана Јанкулоска, министерот за труд и социјална политика-Спиро Ристовски, државната секретарка на Mинистерстото за внатрешни работи и Национален координатор за борба против трговија со луѓе -Виолета Јанковска, директорката на Биро за развој на образованието -Веса Хорватовиќ, како и ученици од неколку средни училишта. 

За нас

Кои сме ние?

Владата на Република Македонија, реагирајќи одлучно против трговијата со луѓе и илегалната миграција, сакајќи да постигне повисоко ниво на ефикасност и заедничко дејствување во борбата против овие појави во Република Македонија, во март 2001 година донесе Одлука за формирање на Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија. Врз основа на оваа Одлука, Владата донесе Решение за именување Национален Координатор и членови на Националната комисија. согласно Одлуката,

Нашите главни цели се:

Pages