Национален известувач

КИРО ТОДОРОВСКИ

Национален Известувач на Република Македонија за борба против трговија со луѓе

Роден во Скопје на 14.01 1984 година. Оженет, две деца.
Назначен за член и секретар на Националаната Комисија за борба против трговија со луѓе на почетокот на 2007 година. Во 2009 година е назначен од Владата на Република Македонија за Национален Известувач за борба против трговија со луѓе. Во досегашниот период учествувал на значаен број на обуки и семинари организирани од страна на ИОМ, ОБСЕ, ИЦМПД посветени на борбата против трговијата со луѓе меѓу кои и IVL програмата за лидери на Стејт Департментот на САД во 2008 година. Учествувал во креирањето на повеќе стратешки документи и извештаи кои се однесуваат на борбата против трговијата со луѓе во Македонија и во регионот:
-    Стратегија и НАП за борба против трговија со луѓе и илегална миграција за периодот 2009-2012 и 2013-2015
-    Стандардни Оперативни процедури
-    Транснационален Механизам за Упатување на жртви во ЈИЕ
-    Годишни извештаи на Комисијата (од 2007 до денес)
-    Годишни извештаи на Националниот Известувач (од 2009 до денес)
Професионална должност
Државен советник за управување со човечки ресурси- Министерство за внатрешни работи
Образование            
-    М-р по меѓународни односи и дипломатија, Факултет за политички науки, Европски Универзитет, Скопје
-    Дипломиран политиколог, Правен Факултет, Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје
-    ДСУ Гимназија Јосип Броз Тито Скопје